речник контакт

Жена пронајдена мртва во автомобил кај клучката за Караслари

Групна тепачка во населба Тунел, меѓу четири лица едната била жена

Петар Печков

Неделата доцна попладне било пријавено дека на автотпат Гевгелија – Велес, кај исклучокот за село Караслари, во возило била пронајдена почината жена. 

„На 27 септември во 19:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопат Гевгелија-Велес, кај клучка Караслари, во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки била пронајдена почината М.Д.(56 год) од Скопје“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпаролка нa СВР Велес. 

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Од вчерашниот билтен и групна тепачка  во анселба Тунел, со учество на четири лица, меѓу нив и една жена.

„На 27 септември  во 13:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „Невена Георгиева Дуња“ во Велес, Е.З.(25 год), С.З.(55 год ), 22-годишната Е.З. и Р.М.(37 год), сите од Велес, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка“ – информира Милевска Ѓеоргиева.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »