Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јануари 2024
Велешанка се обидела да се самоубие, а ја спасиле полицајци да не скокне на Битолска пруга. За настанот сведочат за ТрМр сведоци кои вчера, понеделник попладне околу 17ч. се нашле кај пешачкиот моста близу Општина.
„Жената се подготвуваше да скокне на пругата. Дојдоа униформирани полицајци, разговараа со неа и ја одвратија од намерата да си го одзеде животот. Бевме далеку од местото, не можевме да дознаеме нешто повеќе “ велата соговорниците.
Од службата за Итна помош потврдија дека вчера попладне е побарана лекарска интервенција од дежурната екипа.
„Жената била под стрес, со покачен крвен притисок, вознемирена. Одбивала лекарска помош и да оди во болница“ - кажа д-р- Василка Пановска, началник на службата зa Итна помош.
Tweet |