Петар Печков
Објавено: среда, 23 ноември 2022
Вчеравечер во Велес се случил инцидент коа жена во нивниот дом нападнала тројца од семејството а при интервенција и еден полицаец. СВР Велес со детали за настанот.
„На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следи соодветна пријава.
Tweet |