речник контакт

Жените акцијашки ветерани работно го одбележаа 8-ми март

Засадени биле по осум садници на цвеќиња и зимзелени садници

Петар Печков

Во паркот на  Спомен Костурницата, жените акцијашки од Велес, одржаа доброволна работна акција, повод Ден на жената 8-ми март. 

„Една убава замисла, една убаво осмислена и реализирана акција со порака: Жените се грижат за нашата животна средина. За нас како Здружение секако големо признание е постојаниот интерес и зголемување на жените во работните активности“ – информира Горан Петков претседател на Здружението „Акцијаш ветерани Велес.  

Биле засадени по осум садници на рози и лилјачиња и осум садници на зимзелени  чемпрес и црн бор. На настанот учестувале и три деца подмладок на бригадата 

фото Драган Миладиновски

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »