Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 септември 2014
Започнаа натпреварите од Првата лига за женски фудбала а екипата на Борец на стартот на домашен терен победи со уверливи 5:0 против екипата на Победа од Куманово и со овој резултат се најде на првото место. Следното коло велешанки гостуваат во Битола на екипата на Конзули.
Победа во Првата футсал лига забележа екипата на Велес, која на домашен терен во салата Гемиџии го победи Тетово СЕЕ со 4:1. По две кола КМФ Велес е 6-ти од 10 екипи со три бода, наредното коло гостува во Кавадарци на Црна река
Во третата лига се одигра петтото коло а Превалец и натаму на делба на врвот со Прилепска Победа Јуниор со пет победи и 15 бодови.
Превалец -Дојранско езеро 6:2, Бабуна -11 Октомври 1:1, Победа јуниор – Борец 9:2
Бабуна е 7-ма со 5 бодови, Борец 2009 последен 12-ти со еден бод,
Tweet |