Петар Печков
Објавено: вторник, 11 август 2026
Велешката полиција примила пријава за тепачка помеѓу две женски лица, вчера доцна попладне, на улицата која води кон Железничка станица. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 10 август во 19:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 28-годишната А.М. од Велес и 48-годишната Н.Д. од Штип“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес..
Мотивот за тепачката не е соопштен. По документирање на настанот од полицијата најавуват дека против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото АИ
| Tweet |




