Петар Печков
Објавено: вторник, 05 септември 2023
Во спортската сала „Крсте Мисирков“ во Скопје се одржа „Куп на Македонија“ во карате за сениори, на кое беа пријавени 69 натпреварувачи од вкупно 23 клуба. Велешките натпреварувачи освоија четири медалји, две златни и по една сребрена и бронзена.
Злато како победници во Купот освоија Ката екипно сениори женски Теа Гашева, Мартина Арсовска, Андреа Алексовска и во Ката сениори женски Мартина Арсовска. Сребро освоија Марко Димовски, Стефан Стојановски,Марко Поптодоров во ката екипно машки ми бронза за Даниел Караманов во кумите машки до 60 кг. Сите тие се членови на Карате клубот Гладијатор од Велес.
Победниците во сите категории, вклучувајќи ги и жените екипно и поединечно ката од Карате федерацијата најавија дека ќе бидат и репрезентативци на следното 26-то Светското првенство што ќе се одржи од 26-29ти октомври во Будимпешта.
фото КК Гладијатор
Tweet |