речник контакт

Животните од Амазонските прашуми исчезнуваат

Бразилските дождовни шуми се соочуваат со распространето истребување на животинските видови

Петар Печков

Шумите во Бразил покрај Атлантикот кои некогаш беа дел од огромниот влив на Амазон на јужноамериканскиот континент, страдаат од распространето истребување на животински видови, стои во една нова студија.

Екологистот Карлос Перез од Универзитетот на Источна Англија и дипломецот од Универзитетот во Кембриџ, Густаво Канале, патувале низ регионот меѓу 2003 и 2005 година. Тие документирале 200 од најголемите и најмалку вознемирувани стари израснати шумски фрагменти во огромната атлантска шума.

Просечно, тие откриле само четири од 18 видови на цицачи кои ги барале. Канале, кој сега работи за Бразил во државниот Универзитет во Мато Гросо, вели дека тој и Перез се воделе претежно од информациите од истражувањата за дивиот животински живот, од снимки и од интервјуа со локалните жители.

Научниците биле изненадени што дури и онаму каде што изгледа како најгуста шума, големите цицачи ги снемало. - „Ситуацијата беше потешка отколку што си мислевме, вели Канале. Перез вели дека „сите харизматични видови, како што се големите мајмуни, големите влекачи, шумските елени, тапирите, големите мравојади, јагуарите, големите мачки, сите оние нешта кои се преубави просто изчезнале дури и со секој најмал доказ за нив, се разбира, во смисол на нивното постоење во шумска покриеност“.

Ловот е главната причина за исчезнувањето на видовите на земјиштето кое е распарчено заради уништувањето на шумите. Перез вели дека законите на Бразил ја заштитуваат шумската покриеност, но не и дивиот живот во преостанатите парчиња шуми. Се додека тој закон не се смени, вели тој, загубите ќе продолжат. - Она на што суштински повикуваме е целосна ревизија на бразилските закони кои го штитат дивиот живот. Затоа што овие преостанати шумски појаси всушност ќе го загубат, ако сакате така да се изразам, во смисол на дивиот животински свет.

Добри вести се, на пример, што пет области каде што постои закон за заштита на дивиот свет и каде законот серизно се спроведуѕва, Перез вели дека цицачите се во подобра позиција. - На овие пет места пронајдовме најголем процент на заедници со активен животински свет. Значи заштитените области едноставно функционираат во овој регион, но проблемот е што постојат само неколку такви.

Истражувачите сакаат да видат дека повеќе такви области се воспоставени, како и создавање на коридори за дивиот животински свет кои ќе ги поврзуваат изолираните шумски појаси и ќе ги задржат животните подалеку од ловците и другите опасности. Но, Перез исто дава и предупедувачка порака. Тој вели дека фрагментираните дождовни шуми не се проблем само за атланските шуми во источен Бразил. - Сметам дека истото се случува и во поголемиот дел од фрагментираниот биодиверзитет низ шумите во целиот свет, каде исто така е раширено претераното ловење.

Задржувајќи се само на последните парчиња од големте шуми, вели Карлос Перез, ќе биде суштинскиот дел од конзерваторската мисија во овој век. Неговата и студијата на Густаво Канале за бразилските атлански шуми е неделава објавена во изданието на журналот Плус 1.

текстот е преземен од Гласот на Америка - Вашингтон

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »