Петар Печков
Објавено: вторник, 10 март 2009
Семејството Асановски кое во Македонија прво донесе тројка во оваа 2009-та година живее на работа на егзистенцијата, оставено само на себе, тоа преживува од ден за ден. Радоста од убавиот миг, донесувањето на тројката ја поматува бедата во која живеат Сатки и неговата невенчана малолетна сопруга Џејлан Ука. Таа три часа по полноќ на први јануари гопдинава на свет ги донесе ќерките Зурафета, Ебрум и синот Булут.
- Многу е тешко сами да опстанеме а не со уште три деца во услови во кои преживуваме. Ни требат минимум 500 денари за млеко дневно, толку пари немаме па децата ги прехрануваме со чај од нане, липа или оризова вода. Се мачиме ние и моите сестри кои помагаат колку можат – вели Сатки Асановски кој е невработен. До пред некое време живееле од продажбата на пластичните шишиња но откупот запрел. Не сака да препродава украдено железо бидејќи сака чесно да носи дома пари и стравува дека доколку тоа го стори може да го остави семејството на цедило а тој да заврши в затвор.
- Немаме ни храна ни облека за едно а камоли три. Ова што го носат ни го дадоа од Болница на заминување и толку, немаме друго за бебињата. Не можеме да се венчаме бидејќи сум малолетна – објаснува седуманесет годишната Џејлан Ука. Таа има и друг проблем, не може да добие солгасност од родителите за да стапи во брак, мајка и е почината па неможат да извадат посмртница, бидејќи тоа не го сториле благовремено. Сето ова го затвора кругот на несреќи кои ги следат, поради што не можат да добијат помош од надлежните државни институции, бидејќи тие не се во брак. Помош добиваат од соседите и сестрите на Сатки, Демиран и Ајсен, кои доаѓаат да ги чуваат, бањаат, хранат трите внуци.
- Борчлија сум до гуша сум, долгови, земи од овој, земи од оној, запиши се тука на вересија, запиши се таму. Не даваат веќе на рабуш. Згора на тоа од неодамнешниот земјотрес и снегот, се сруши ѕидот од собата во која живеевме. Сега сме кај брат ми а тие се четворица, нема каде да спиеме, снаат ни вели барајте си чаре неможете тука да останете – објаснува Сатки.
Ја покажува неговата соба која мириса на мем и влага, со испукан таван во која е невозможно да се живее и може да се сруши секој момент. Малата соба од 10-тина квадрати е дома за деветмината членови од семејството Асановски. Куќарката на крајот од градот, во месноста Јурија, на улица Богдан Каракостев е последната во месноста, после неа почнуваат голините од ридот а северецот кој е често присутен се чувстува и во домот. А животот мора да продолжи, но тој и неговото семејство се судруваат со основните проблеми, нема работа, храна за децата ни дом каде да живеат.
Се жалат дека тројката немала среќа уште при раѓањето, бидејќи наместо да биде првата рожба во Велес во новата 2009-та година, во Болницата не можеле да ги породат па биле испратени за Скопје, каде се родиле во 3 часот по полноќ. Така останале и без паричната награда како први новороденчиња а родителите велат уште тогаш се видела нивната среќа. Единствената помош што ја добиле се 28 илјади денари од неодамна одржаната манифестација „Велешка питијада“ кои за кратко ќе им ги олес?ат маките.

Tweet |