Петар Печков
Објавено: четврток, 01 март 2018
Утрово ниски температури и студениот ,,сибирски бран,, ја зафатија и Македонија. Во Велес во 7 ч. утрово биле измерени -12 степени.Од Итната медицинска помош д-р Проданова информираше дека немаат до 11ч. никаква реакција по здравјето на луѓето поради ниски температури.
Затоа пак ниските температури ноќеска и силниот ветер во ноќните часови предизвикаа нови снежни наноси кај селата Бузалково и Сливник. Одговорните служби во општината информираат за наноси од 1.5 метри кај селото Бузалково. По три дневна пауза започна наставата во Раштани и оддленската настава во Бузалково
Механизација на ГП „Изгрев“ работи на расчистување на наносите. Патиштата што вчера беа расчистени кон Клуковец, Бузалково и Ветерско денеска се проодни. Во училиштата во градот и во сите подрачни училишта во населените места наставата денеска се одвива без проблеми - информираат од Општина Велес.
Од почетокот на студениот бран ЈКП „ Дервен“ потрошил над 15 тони сол и ризла од кои 10 тони се потрошени од службите за јавна чистота за тротоарите, мостовите и пристапите кон црквите. Единицата „Паркови и зеленило“ употребила над 4 тони сол за парковските површини.
Општина Велес потроши 3 тони сол и ризла за улиците низ градот и кон село Бузалково, а 600 килограми се дистрибуирани за жители на општината кои живеат на тешко пристапни и стрмни места.
Tweet |