речник контакт

Жителите на Караслари без вода за пиење, имало дефект на пумпите

Од ЈКП Дервен , кој стопанисува со селскиот водовод, објаснуваат дека имало дефект, кој бил отстранет

Петар Печков

Жителите на село Караслари, реагират што подолг период немаа вода во нивните домови. Состојбата во овие врели летени денови била лоша.

Тие бааат објаснување што се случува, но и водата да ја добијат за лична хигиена, за домашни потреби. Некои и за полевање на дворовите.

„Еден месец немаме вода. Ниту можеме да зготивме, да се избањаме. Машина за перење не можеме да пуштиме, ниту бавчите да ги полееме. Некоја болест ќе фатиме“  - вели жителка на Караслари.  

Од ЈКП Дервен , кој стопанисува со селскиот водовод, објаснуваат дека имало дефект, а тој бил отстранет.

„Во село Караслари претходните неколку дена имаше прекин на водоснабдувањето предизвикан од проблем со електричното напојување за пумпите кои се дел од водоснабдителниот систем за селото. Од страна на ЕВН проблемот со струјата беше отклонет, но водоснабдувањето е отежнато, поради што тим на ЈКП Дервен е на лице место и работи на утврдување дали прекумерно се троши вода (ненаменски) или пак има дефект на водоводниот систем“ – соопштија од ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »