речник контакт

Жителите на Општина Чашка со материјална помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Од донираните средства најмногу има прехранбени прозиводи, средства за хигиена, дел и ќебиња

Петар Печков

Жителите на Општина Чашка, ја покажаа нивната хуманост на дело, и испратија помош за настраданите од  земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија. На два соборни пунктови во Чашка и Мелница во период од една недела помеѓу 13 и 17 февруари, граѓаните предаваа средства кои се предвидени и се дел од листата на производи кои може да се донираат.

„Успешно е спроведена  хуманитарната акција за помош на настраданото население во земјотересот во Турција и Сирија. Согласно насоките сите донирани производи се нови, а храната и средствата за хигиена имаат рок најмалку шест месеци. Од донираните средства најмногу има прехранбени прозиводи, средства за хигиена, а дел и ќебиња“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.

Хуманитарната помош е доставена во централниот магацин на Црвен крст од каде ќе биде транспортирана во погодените региони.

Во реализација на активноста се вклучила  Општина Чашка, ОУ „Тодор Јанев“ со Подрачното училиште во село Мелница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »