Петар Печков
Објавено: вторник, 09 април 2019
Жителите на улица Белградска и улица Славко Ѓоргиев Сватот реагираат за честите прекини на водоснабдувањето. Велат дека еднаш до два пати неделно немаат вода во домовите.
Чести се прекините во водоснабдувањето на овој дел од градот. Не знаеме што е причината, но потребно е проблемот кој ги допира стотина куќи од населбата Тунел да се реши. Постојано реагираме до надлежните но никако да бидеме приоритетни - велат жители од оваа улица. Од ЈКП Дервен објаснуваат дека се работи проблемот да се реши.
Се работи за застарена водоводна линија на ул. Белградска која често дефектира. Поради оваа причина, деновиве, штом временските услови тоа ќе го дозволат, ќе се започне со реконструкција на водоводната линија на ул. Белградска. Со реконструкцијата ќе се реши проблемот со појавата на дефекти, односно честите прекини на водоснабдувањето. Реконструкцијата, поради големината на зафатот ќе се одвива во етапи - одговорија од ЈКП Дервен.
Tweet |