Петар Печков
Објавено: среда, 05 август 2020
Вторникот на пладне, во Дебарца се случила сообраќајна несреќа, во која учествувал камион управуван од жител на Бузалково.
На 4-ти август, во 13.10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Сливово, општина Дебарца, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(50) од кичевското село Црвевци и товарно возило „ман“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.К.(53) од велешкото село Бузалково. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што бил префрлен за укажување на лекарска помош - информираше за ТрМр Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид
Увид на местото на незгодата извршил Јавен обвинител и полициски екипи, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.
фото Охрид1
Tweet |