Петар Печков
Објавено: среда, 06 март 2024
За жител на Лозово поднесена е кривична пријава до ОЈО Свети Николе, оти има сомнение дека присвоил државно земјиште кое го користел за приватни цели. Кривичната ја поднело Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе.
„Поднесена е кривична пријава против М.С.(49 год) од Лозово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во периодот од 2023 до 20.02.2024, пријавениот на земјоделско земјиште во место викано „село“ во катастарска општина Милино, во сопственост на РСМ, без дозвола насадил тутун и поставил помошни простории“ - информираше МВР.
Tweet |