Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 август 2021
После месец и половина велешката полиција го расчистила разбојништво, кое се случило во близина нa село Црквино и го открила сторителот.
„Поднесена е кривична пријава против Д.Р.(66 год ) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „разбојништво“. Пријавениот, на 7-ми јули годинава околу 23.15 часот на регионалниот пат кон Велес, односно на крстосницата кај село Црквино, со закана со нож и пиштол одзел пари од лицето В.Т. од Гевгелија“- соопштија од МВР.
Tweet |