Петар Печков
Објавено: сабота, 16 октомври 2021
Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело – Поткуп при избори и гласање. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. Лицето Б.А. од село Милино, општина Лозово, ( 50 год) давал по три илјади денари, за што издавал и каса прими.
„Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот“ - соопштија од ОЈО Свети Николе.
Осомничениот е задржан во полициска станица. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.
Tweet |