Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе решение со забрана на водата за капење, спорт и рекреација на луѓето, за наводнување на земјоделските површини и за напојување на стоката, на реката Вардар од влезот во Велес до фабриката ХИВ, на реката Бабуна во долниот тек после кланицата Л&Ј и реката Тополка низводно од населбата Превалец. Ова е резултат на испитувањата на здравствената исправност на површинските води во Велес извршена од страна на Заводот за здравствена заштита – Велес, кој констатирал дека овие води се од четвтра категорија на загаденост.
Надлежните апелираат до граѓаните, а особено на риболовците за почитување на забраната заради заштита на нивното здравје и сигурност. Езерото Младост според ЗЗЗ е можно капење и покрај присуството на алги, а водата во Градскиот базен е исправна. Од оваа институција единствено не можеа да кажат за квалитетот на водата на базенот од Хотелот Романтик, кој како јавна површина се должни да го исптиуваат, но тоа не е сторено.