Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 октомври 2020
Јавното претпријатие за државни патишта објави дека е завршена рехабилитацијата на делницата на регионалниот пат село Оморани -село Теово во Општина Чашка, кое опфаќаше отстранување на доегашнито слој асфалт и негово повторно асфалтирање.
Целта е подобрување на условите за живеење на граѓаните, за што се започнати градежни активности на повеќе делници во Општина Чашка. Една од нив е Оморани -Теово, во должина од 2,2 км која што е веќе завршена - - потенцираат од ЈП ДП.
Вредноста на инвестицијата била 10 милиони денари, средства обезбедени до Буџетот на ЈП ДП.
Tweet |