Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 март 2024
Заврши обновата на црквата Св. Тројца во Мостар БиХ, која е дело на Андреја Дамјанов и беше разрушена во Граѓанската војна во 90-тие година од минатиот век. Продолжува живописувањето на внатрешноста од црквата.
„Обновата на црквата траеше повеќе од 10 години. Надворешната реконструкција е завршена, додека внатрешните работи започнаа скоро. Средства за обнова на црквата доаѓаат од јавни, приватни и странски донации. ЕУ не учествуваше во обновата на Православната црква во Мостар“ - пишува во одговорот на Европската делегација во БиХ, по поставеното прашање од ТрМР за обновата на храмот, дело на Дамјанов.
Црквата Св. Тројца е изградена 1873 година и била еден до симболите на градот Мостар. Во 1992 била запалена па минирана и разрушена. Среќна околност е што иконите биле навреме изнесени и се чуваат во Требиње. За рушењето на црквата досега никој нема одговорност. Нејзината обнова е започната 2010.
Андреја Дамјанов (1813 – 1878) е еден од најголемите градители на сакрални објекти на Балканот. Роден е во село Папрадиште, велешко, во семејство на познати мијачки градители. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот.
Негови дела се црквите „Св. Пантелејмон“ Велес, Осоговскиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“, „Успение на Св. Богородица" во Штипско Ново Село, „Св. Ѓорѓи" со Смедерево, „Св. Троица" во Ниш, „Рождество на Пресвета Богородица"во Пирот.
фото насловна Мирза Дугалиќ
Tweet |