Петар Печков
Објавено: среда, 24 октомври 2018
По две години макотрпна работа, завршена е реставрацијата на крштелницата во Епископската базилика во археолошкиот локалитет Стоби. Денес таа е повторно во истиот сјај и изглед како и пред 16 века кога била создадена. Крштелницата е откриена во 70-тите години на минатиот век, и според археолозите е исклучителен споменик откриен на територијата на Република Македонија.
Со нејзиното откривање Македонија археолошки доби многу, но веднаш започнуваат проблемите кои се од аспект на заштита и презентација. Имало конзерваториски работи но не од голем обем. По некое време објектот е запустен и никој не води грижа за него. Од 2010-та кога започнавме да работиме тука на Стоби, тој беше во исклучително лоша состојба, по што започнавме со конзерваториски проект за негова заштита. Тоа заврши во 2013-та. Немаше средства и во 2016-та добивме грант од амбасада на САД па во 2017-та започнавме со голема конзерваторско- реставраторска екипа на мозаикот. Работевме осум месеци непрекинато, продолживме и годинава. Истовремено се работеше и реставрацијата на камената пластика. Сите столбови беа пронајдени во стотици парчиња и фрагменти. Тоа колегите ги исчистија, ги составија и направија такви какви што можеме денес да ги видиме или такви како што беа во 6-тиот век. Камчињата се тукашни локални, испитано е тоа, нема ништо донесено од надвор туку се од околината. Изработката на мозаик и тогаш и денес е исклучителна работа, која бара многу уметнички, технолошки, технички познавања - рече Мишко Тутковски координатор на проектот за реставрација на кршалницата.
Археолозите објаснуваат дека крштелницата е многу значајна според сите параметри. Според архитектонската форма, декорацијата на внатрешноста -мозаици, фрески, камена пластика, капители, столбови, се тоа што го прави како учебник за но христијанска археологија и умениот. Таму има елементи од 4-тиот до 6-тиот век.
Tweet |