речник контакт

Заврши рехабилитацијата на десната коловозна лента од автопатот делница Катланово - Петровец, започна на левата лента

Вкупната предвидена рехабилитирана должина во двата правци е над 10 километри

Петар Печков

Десната лента од автопатската делница Катланово – Петровец, од почетокот на месецов   е пуштена за сообраќај. Таа се рехабилитираше неколку години, од Министерството за транспорт  и врски велат три години, јавноста знае за пет години.

Станува збор за делница во должина до 5 км. Со завршувањето на градежните активности, таа веќе се користи, но е двонасочна, бидејќи започнаа градежни активности на левата коловозна лента.  Засега нема објавено рок на изведба на оваа делница.

Од 6 ноември, од понеделникот,  наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот  се одвива во левата коловозна лента во двата правци.

Вкупната предвидена рехабилитирана должина во двата правци е над 10 километри, а вредноста на договорот е 391,561,373.04 денари, средства обезбедени од ЕБОР. Изведувач на работите е ,,МАКИМСАН" акционерско друштво за асфалт, изведба, градежништво, индустрија и трговија, подизведувач е ,,Стентон", а надзор Градежен Институт Македонија АД здружен со ,,Евро Конслатинг" ДОО.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »