Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 март 2018
Предлог планот за упис на ученици во прва година средно во наредната 2018/9 година во Велес, ги отвори дилемите за преголемиот број на слободни места во однос на завршените девето одделенци.
Или според планот во четирите велешки средни училишта треба да се запишат 1.190 ученици во прва гдоина додека деветто одделение завршуваат само 490 ученика.
Така за секој завршен основец има по 2,5 слободни места во градот. Со тоа што во средните училишта во Велес се запишуваат и и завршени осмо одделенци од соседните општини Лозово, Градско и Чашка. За ваквата состојба реагираше и советникот од позицијата Маја Хеско и самата просветен работник.
Како човек кој доаѓа од образованието, несериозно е што тоа досега се случуваше, еве се повторува и годинава, но не смее да се продолжи. Постои ли стратегија за развој на образованието во општината. Нелогично е што завршуваат 490 ученика а слободни места за упис во прва има 1.190. Ова е огромна разлика. Но мора да се има стратегија. Средните училишта да бидат сервис на потребите на стопанството за работна рака. Има ли анализа за оваа огромна разлика што се јавува - рече Хеско. Општинскиот просветен инспектор Македонка Виларова објасни дека локалната власт не може да влијае на бројот на слободни места во училиштата.
Општината нема законско право да учествува во промена на податоците добиени од училиштата. Тие ќе бидат доставени до Министерството за образование, кое ќе реши кои профили ќе останат и за кои ќе биде распишан конкурс за упис - рече Виларова. Градоначалникот Коцевски очекува дека Министерството ќе ја исправи ова нелогичност.
И мене ми е чудна оваа состојба. Училиштата се загрижени од тоа што се намалува бројот на ученици кои се запишуваат кај нив. Иселувањето, намалувањето на наталитетот влијаат на ваквата состојба. Верувам дека Миниcтерството ќе постапи правилно и ќе одобори реално, толку колку што треба да се запишат, не повеќе - рече Коцевски.
Минатата учебна година во прва година во Велес имаше 1.088 слободни места, беа запишани 643 ученика а деветто одделение завршија 499 ученика. Во 11 паралелки во прва година, во сите четири средни училишта, има помал број од минимумот 25 ученика. Наспроти ова во единствената фабрика за крзно во Македонија, велешката ,,Димко Митрев,, со години се судруваат со немање на стручен кадар за вработување на крзнари, струка што ја нема во земјава.
Tweet |