Петар Печков
Објавено: четврток, 31 јануари 2013
Во општината има вкупно 529 одделенци од кои настава на македонски јазик следат 497 ученика и 32 ученика на албански наставен јазик а со уписот се предвидени во прва година 1120 ученици во 33 паралелки, од кои 32 на македонски наставен јазик и 1 паралелка на албански наставен јазик. Разликата од без малку половина број на ученици локалната власт очекува да се надополни со упис од ученици од Повардарието и Овче Поле, но и други општини, каде нема ваков профил на образование.
Во Средното училиште Коле Неделковски предвидено е да се запишат 340 ученика а нови паралелки, кои ќе стартуваат од есен се во трет степен: автомеханичар и електроинсталатер монтер кои ќе примат по 34 ученика.
Во Димитрие Чуповски ќе се запишат 304 ученици, ново занимање е месар каде ќе се образуваат во четврт степен 34 ученика.
Во Економското училиште Јовче Тесличков вообичаена е бројката на слободни 204 места, нов профил е банкарски службеник, каде има место за 34 ученика.
Во Гимназијата Кочо Рацин останува една паралелка која ќе посетува настава на мајчин албански јазик без прецизен број на ученици кои ќе се запишат. Во оваа институција има вкупно слободни 272 места.
Tweet |