lj lkjl
Објавено: сабота, 10 јуни 2006
Велешката почва и до десет пати повеќе во себе има присуство на тешки метали. Ова се резултатите од испитувањето на почвата во Велес од Технолошко-металуршкиот факултет. Според испитувањата оловото, кадмиумот и цинкот се најприсутните тешки метали во велешката почва. Така кадмиумот во земјата на одредени места во градот забележува и 10 пати повеќе од максимално дозволените концентрации. Испитувањето покажало дека просторот околу топилницата, Башино Село, Речани до железниот мост претставува жариште на тешките метали. Помалку загадена е земјата на Камено Брдо и Вршник. Професорот кој ги спроведувал испитувањата Симеон Јанчев вели дека и покрај застрашувачките податоци одредени места во градот се исклучително чисти. Професорот Јанчев вели дека Башино Село како место од каде Велешани па и Скопјани се снабдуваат со земјоделски производи претставува здравствен ризик за населението. Поради ваквата ситуација градоначалникот Аце Коцевски вели дека потребно е земјоделците да добијат обештетување од државата и да престанат со производството. Испитувањето е спроведено со 150 мостри на почва од околината на градот. Длабочината на испитување е до сантиметри. Испитувањето е спроведено на 35 илјади квадратни километри.
Tweet |