Петар Печков
Објавено: четврток, 23 април 2015
Претпладнево околу 11 часот загина жител на село Ореше, во моментот додека управувал трактор. Станува збор за лицето Ѓоре Ѓурчиноски (51 год).
Според неговите блиски настанот се случил во семејниот двор, кога Ѓоре го придвижил тракторот марка ,,махиндра,, се превртел и му нанел смртососни повреди. Починал на лице место. Тракторот бил нов, купен пред две седмици. Ѓурчиновски беше сопственик на селската продавница во село Ореше, која изгоре во подметнат пожар пред еден месец.
Од СВР Велес го потврдија настанот и додаваат дека нивни е кипи се на местото на несреќата и се истражуваат причините за смртта.
Tweet |