речник контакт

Загрижувачки 83 лица позитивни на ковид-19 во велешко денес

Активни случаи во велешко има 338

Петар Печков

Нова загрижувачка бројка на позитивни со ковид-19 во велешко. Денес Центарот за јавно здравје Велес објави дека има 83 случаи и петмина оздравени. 

Со ова  има 338 активни случаи а досега во велешко имало 720 заразени. Од активните,  35 се на Инфективно одделение, 298 на домашно лекување, две родилки се во ГАК Скопје и тројца велешани се на приватните клиники во Скопје.  

Попладнево на Инфективно одделение има хоспитализирано 44 пациенти, 38 се потврдено позитивни и шестмина сомнителни, се чекаат резултати од земен брис. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »