речник контакт

Задолжително е користење на сигурносен појас, ги потсетуваше возачите полицијата

Бил поделен едукативен печатен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Петар Печков

Pеализирана е  превентивна активност под мотото „Стави појас“ на неколку локации во Велес. Преку непосредна комуникација, на граѓаните, полицијата им ја потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи.

„Користењето на сигурносни појаси е законска обврска, како за возачите, така и за сопатниците во возилата, со цел зголемување на нивната лична безбедност. Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на сообраќајната култура и зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот“ - информираа од МВР.

При превентивната активност на граѓаните им бил поделен и едукативен печатен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Активноста е реалицирана од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »