речник контакт

Задушница, 2 јуни Св. маченик Талалеј

Празник за почит на мртвите

Петар Печков

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот.


Овој Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар. Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогаш­ните затворски иследници. Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стопалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја от­сечат главата. Така пострада свети маченик Талалеј во 284 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »