речник контакт

Заев од граѓанската трибина во Велес - Водиме прогресивна политика, која ќе донесе благосостојба на нашиот народ

Заев потенцира дека се што направил е за економски просперитет на граѓаните

Петар Печков

Граѓанската трибина ,,На прав пат,,  организирана од СДСМ се одржа во Велес. На присутните им се обрати лидерот на партијата Зоран Заев. Тој по потпишаните договори со Грција и Бугарија, кажа дека  ,,договорот куќа гради,,. И потенцира дека се што направил е за економски просперитет на граѓаните, потенцирајќи дека  нема богата земја со сиромашна држава и сиромашен народ. 

Водиме прогресивна политика, која ќе донесе благосостојба на нашиот народ. И носи  и затоа треба да останеме на правиот пат, кој не носи во НАТО и ЕУ. Затоа ги отворивме економските перспективи.  Понудив  со опозицијата да формираме заедничка Влада, за решавање на крупните прашање, избегаа, немаат храброст. Ама народот вели, баклавата е изедена ама тепсијата стои. Знаеме кои се и какви се, избегаа квазипатриотите.  Имаме земја со капацитет, како западните. Кога дојдовме 2017-та  државната ЕЛЕМ имаше загуба од два милиони евра, ја покривме и денес имаат од 87 милиони на сметката.  Нивните пари ги трошеа на жални врби, споменици. Не оти им се бендисуваше или имаат таков вкус, туку така најмногу пари се ќареа. Нема тендер, туку уметничка вредност.  Ако споменикот вреди пет илјади евра, пиши петстотини илјади евра. Денес се против минимална плата, Преспански договор, договорот со Бугарија, против се, само да  се вратат на власт. Исти се, не се променети.  ВМРО плашеше дека цената на струјата ќе се покачи. Не е точно, дури и е нешто пониска. Имаме најниска  цена на струјата во Европа, најниска цена на горива  на Балканот. Ни се смееја оти имало 36 денари покачување. Но го стабилизиравме пензискиот фонд, оти сакам и јас и вие, по години да дочекаме пензија. Дека сегашните пензионери утре пак ќе добијат и ќе има пензија. Пензионерите2020-та  ќе земаат повеќе од  850 до 900 денари месечно, две години не добија сериозно покачување, но еве ги.  Решивме ако газдите ги покачат платите за сто евра, придонесите и здравствено и пензиско ги плаќа Владата, ако треба и за сите 780 илјади вработени во приватен сектор.  Ги поддржуваме и домашните и странските инвеститори - кажа Заев.   

Тој потенцираше дека требало да се случи целосен реизбор во правосудството на ЕУ се спротивставиле, оти земјава немала таков капацитет, да ги пополни испразнетите места, но и секој поединечно да одговара. 

Еве од Велес кажувам дека целосен ветинг ќе има и во судството и во обвинителството. Оти горчината е голема. Ќе одговараат сите - рече Заев.  

СДСМ за две и пол години исплати 340 милиони евра за субвенции и за финансиска поддршка во земјоделството, ги плати тие 150 милиони евра што ВМРО-ДПМНЕ ги остави како долг за неисплатени, заостанати субвенции, вложуваме во живиот, човечки капитал а не во мртви споменици истакна претседателот на комисијата за економија на СДСМ Фатмир Битиќи на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Велес. 

Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари а просечната за над 2.000 денари, за само 2.5 години. Социјалната помош се зголеми за 300%, а повеќе од 12.000 стечајци во државава се обесштетени со околу 8.500 денари се до нивно пензионирање. Обезбедивме средства, платите во образованието се зголемуваат повторно за 10 отсто, што е вкупно 20 отсто покачување за само две и пол години. Истото го правиме и во здравството. Со зголемувањето, платите заедно со дежурствата, на специјалистите во Клиничкиот центар ќе бидат 100.000 денари, во другите помали болници и здравствени домови помеѓу 88 и 92.000 денари, ќе растат и платите на медицинските сестри. Важно е лекарите да ни останат дома и тука да работат - порача Битиќи.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцески, кој потсети дека кога заминувал пред  десет години од оваа позиција во 2009-та  оставил  250 илјади на жиро сметка и без неплатени фактури а  кога дошол наследил долг од   3,4 милиони евра и двојно повеќе вработени.

Одлучив и да враќам долгови и да градиме, но не така интензивно  кога  се нема долг. Денес Велес е консолидирана општина и веќе следната 2020г. ќе биде најуспешна инвестициска година за градот. Велес повторно ќе биде најдобра и најуспешна општина во државата. Во тек е изградбата на патот кон село Сливник во должина од 5,2 километри и патот кон локалитетот Пешти во должина од 2,6 километри, кои ќе завршат до крајот на годинава. Доживувам критики бидејќи  се погоди големите инвестиции се во средини каде  има муслиманско население, но сите сме граѓани на оваа држава.  Започнаа активностите на проектот Паметно езеро Младост, вредно еден милион евра, средства од Светска банка. Добивме  проект со Хабитата кој предвидува  подобрување на условите за живот на нашите сограѓани Роми при што ќе се инвестираат средства за реконструкција на неколку  куќи. Донесовме стратегија "Велес - паметен град"  и ,,Велес  урбана мобилност,,  кои се важни за иднината на градот- рече Коцевски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »