Петар Печков
Објавено: петок, 01 октомври 2021
Вечерва од митингот одржан во Велес, СДСМ ја побраа поддршката од граѓаните за градоначалник за нивниот кандидат Ненад Коциќ
Марјан Николов носител на листата за советници на СДСМ и коалицијата зборуваше за составот на листа и кандидатите кои се на неа.
„Имаме советничка листа со кандидати кои можат да се носат со предизвиците кои ги носи локалната самоуправа. Составот е правен запазена е родовата еднаквост, пола - пола се мажи и жени, иако законската обврска е 30 отсто да бидат жени Запазен е концептот едно општество за сите. Имаме припадници на Бошњачка,Албанската и Турската етничка заедница. На нашата советничка листа има кандидати кои се од населени места од околината на Велес, Горно оризари и Бузалково. Тоа се чесни и совесни луѓе, одговорни во својата работа, без дамка во професијата и докажани“ - кажа Николов.
Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата Ненад Коциќ потенцираше за каков град и општина се залага.
„Програмата која ја нудам гарантира развој, нови инвестиции, нови работни места како за младите така и за невработените. Програма која гарантира нов импулс во развојот на нашиот Велес. Проекти од комунална сфера од инфраструктурата, заштитата на животната средина, странски инвестиции. Пред десет години застанав на браникот на Велес од еколошката загадување, денес ја барам довербата да тргне кон посветла иднина како урбана и модерна општина. Имам чесни намери, имам желба да направам град за сите наши сограѓани. Никогаш не сум ги делел по вера, пол или нација. Затоа подавам рака на сите, без оглед дали сте во некоја партија, да направиме подобро место за живеење, ајде заедно да го носиме Велес во посветла иднина“ - рече Коциќ.
Тој наброја некои од проектите со кој ја бара довербата од граѓаните.
Достапност до граѓаните и како градоначалник и службите за реакциите од граѓаните, одговорна и отчетна јавна администрација - без шетање по шалтери, општина без корупција. Реконструкција на салата Гемиџии и стадионот Зоран Паунов, изградба на затворен спортски базен, лизгалиште. Осветлување на селата, создавање детски забавни паркови во селата, градинки. Обезбедување на нови паркинг места, решавање на пристапот до црквите во градот, изградба подземна гаража, монтажни гаражи, се само дел од проектите кои ги наброи.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека го нудат најдоброто до Македонија и дека секогаш најдоброто победува.
„Близу 16 милиони евра инвестиравме во инфраструктурата во Велес и велешко. Рехабилитација на делницата Велес- Градско, Велес- Катланово, изградба на нов мост на реката Бабуна, се поставија нови или реконструираа водоводни системи. Се асфалтираа улици во градот и околните населени места, се создаде туристичкиот проект околу езеро Младост, игралишта, училишта, детски градинки. еден куп проекти со поддршка и од централната власт но и од средства на локална власт. Коциќ има реална програма и затоа е важно што и како ќе одлучите за Велес, на 17-ти октомври. Затоа е важно да го прифатите Ненад Коциќ да биде идниот градоначалник. Парите не ги трошиме на камења и барок. Ги трошиме за градење патишта, водоводи, канализации, спортски објекти, училишта, градиме инфраструктура која живот значи. Галиите и жалните врби ги заменивме со водоводи и пречистителни станици, велосипедски патеки. Тоа е клучната разлика помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ, ги слушаме потребите на граѓаните“ - рече лидерот на социјалдемократи Заев.
Tweet |