Петар Печков
Објавено: сабота, 12 април 2014
Ингвер Абрахам е на работа во покраината Шлезвиг Холштајн.
Годишно минувам по 50 до 60 илјади километри, од Елба до данската граница. Мојата сезона на стрижење овци почнува на почетокот на декември и завршува на средината од август“, вели тој.
Ингвер Абрахам е мобилен стригар веќе 30 години. Во Германија има само 20 мобилни стригари. На фармата на Кристијан Нисен тој доаѓа уште од почетокот. Селанецот Нисен има илјада овци. Повеќето од нив веќе добиле стриг од Ингвер Абрахам. За едно животно му се потребни три минути. Тешка надничарска работа.
За црвените овци можам да користам навистина широки жилети. Кај овците каде тоа не е добро, земаме малку потесни жилети“, објаснува Абрахам.
Во периодот пред раѓање на јагнињата многу селани ги стрижат овците. Без волна тие во шталата заземаат 40 проценти помалку простор, а јагнињата полесно го наоѓаат вимето на својата мајка. Животните се чувствителни.
Кога сум вознемирен, таа вознемиреност се пренесува на животното. Со годините се учи како да се остане мирен, без паника, ќе успееме“, убеден е Абрахам.
Тој стриже околу 100 овци дневно. За секое потстрижано животно добива 2,30 евра. Значи, дневно заработува околу 230 евра. Стригарите, како што се вели, мора да имаат ‘рбет од железоФармерот Кристијан Нисен вели дека никогаш не би можел да биде стригар.
За ова треба да се има ’рбет од железо. Тоа за мене беше одлучувачки, јас немам таков ’рбет. И никогаш не го научив ова, а, да бидам искрен, и не горев од желба да научам.“
Абрахам објаснува: „Цела година кога стрижам, носам комбинезон, дури и кога е 30 степени под сенка. А, кога е навистина студено, назима, при десет степени минус, како мерка на заштита носам и појас за бубрезите за ’рбетот да не се олади.“
Една овца тежи околу 80 килограми. По стрижењето таа има околу пет килограми помалку.
Не смрзнуваат, затоа што овците својата телесна температура ја постигнуваат преку бурагот (предниот желудник, н.з.), па кога им студи почнуваат да јадат“, вели стригарот.
Голем дел од волната се испраќа за Пакистан. Од нејзе се изработуваат теписи. За производство на облека волната е прегруба.Ингвер Абрахам мора да постриже уште 200 овци на селанецот Нисен. Потоа оди на друга фарма, некаде во Шлезвиг Холштајн.
Tweet |