речник контакт

Запалена плевна и куќа со родни дрвја во Смиловци, запалена куќа во Горно Чичево, изгорен овоштарник во Виничани, излетано возило на пат кон езеро

Од билтeнот на Територијалната противпожарна единица Велес за продолжениот празничен викенд

Петар Печков

Средата  26 август  во 02:07 примена е дојава за запалени плевни и куќа во с. Смиловци Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 противпожарни возило и 6 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот беше затекнат во развиена фаза и имаше зафатено стари напуштени плевни. Пожарот во СВР Велес бил пријавен околу 22:00 часот во  помошни простории сопственост на Б.П.(53 год) од Велес, во кој целосно изгореле кров на плевна, помошна просторија со предмети складирани во неа и родни дрва.

Средата  26 август во 08:05 примена е дојава за запалена сува трева во с. Виничани Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 пп возило и 5 пожарникари спасители.

Средата  26 август  во 11:30 примена е дојава за запалена куќа во село Горно Чичево Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и двајца пожарникари спасители. 

Четвртокот на  27август  во 03:32 примена е дојава за излетано возило на патот за Езеро Младост.  Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 3 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место обезбедено е возилото.

Саботата 29 август  во 11:15 примена е дојава за запалена сува трева и дрва во с. Виничани кај турските гробишта Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 пп возила и 5 пожарникари спасители.

Сабота  29 август  во СВР Велес било пријавено дека околу 11:00 часот кај место викано „Мечкова страна“ кај село Виничани, општина Градско, настанал пожар на нива со бадеми, сопственост на И.М.(62 год) од Виничани, кој се проширил и зафатил сува треба.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »