речник контакт

Запалени стрништа, Велес се гушеше во чад

Недела вечер во 22ч. измерени високи вредности на чад 1,2 мг/м3

Петар Печков

Неделата вечер во Велес тешко се дишеше, во воздухот имаше мирис на чад. Апаратите на Министерството за животна средина,за мерното место Велес 2 во интервалот околу 22 ч. покажаа вредности блиску до 1,2 микро грами на метар кубен.   

Околу еден час воздухот во градот беше со силен мирис на изгорено,  на  чад, не  се дишеше. Но не можеше да се забележи дека има пожар или оган некаде во близина на градот- велат велешани.  Стручните лица за животна средина толкуваат дека   гранична вредност која е штетна по здравјето е ако во период од 8 часа има измерено збирно  вредности на чад  над 10 микро грама на метар кубен.  

Во Велес имаме период од еден час, кога е забележан максимумот а пред и потоа имало  покачување и опаѓање на вредностите, кои збирно во период од осум  часа не ја надминале граничната вредност – велат   стручните лица.  Од Против пожарната единица на Велес, информираа дека во периодот од 21,30 до 2 часот по полноќ гаснеле пожар во околината на градот.

Кај селото Лугунци, близу Иванковци имаше запалено повеќе стрништа. Иако  со закон е забрането  ова, селаните за жал се уште  го практикуваат. Дознале дека се очекува дожд, па ги запалиле стрништа, но наместо дожд, мораше  да интервенира нашата единица. Апелирам  да не  се палат стрништа, оти опасноста е голема – изјави Љупчо Лепидовски, командир на велешката ППЕ.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »