Петар Печков
Објавено: среда, 13 мај 2026
Околу 11ч. територијалната противпожарна единица од Велес добија повик за запален стан во зграда карши театарот, на кривината за болница, позната како Полицајската. Пожарот бил локализирани не е дозволено негово проширување. Деталите од информацијата на ТППЕ Велес.
„На ден 13.05.2026 во 10:56 примена е дојава за запален стан на ул. Благој Ѓорев бр. 8/2 Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители. По пристигнување на лице место констатирано е дека гори шпорет на терасата. Благодарение на брзата интервенција на нашите колеги пожарот е изгаснат и не е дозволено негово проширување“ - соопштија од ТППЕ Велес.
Во акцијата нема повредени лица, материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Огнот бил локализиран во 11,30ч.
| Tweet |






