Петар Печков
Објавено: четврток, 02 мај 2024
Започнаа подговките за премиерата на новата претстава „Без крв“ која велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја работи со Драмскиот театар од Пловдив. Истата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“кој се реализира во соработка со Бугарскиот културно информативен центар во Скопје и БЦИЦ Скопје. Проектот се реализира со поддршка на министерствата за култура на двете земји.
„Културната размена е добредојдена за двете држави, Бугарија и Македонија. Патот преку културата, поточно театарот, е најсрдечен, најбрз и најсилен, народите од двете држави да можат да се обединат.“ кажа режисерката Добрева.
Таа во Македонија ја има работено преставата „Магбет“ од Шеспир, во Албанскиот драмски театар оd Скопје. А лани на театарскиот фестивл Стоби учесуваше со преставата „Одисеја“. Таа при престојот во Македонијa вреше кастинг на актери од земјава, кои ќе учествуваат во претстaвата „Без крв“. Работена е по текст на бугарскиот писател Александар Секулов, кој ја пишувал по мотиви на италијанскиот автор Алесандро Барико.
„Целта на проектот Манифест е да преку два ракописи на два исклучителни драмски режисери, да се обидеме да ја поставиме парадигмата, што нам ни значи денес современиот театар“ – кажа Сашо Димоски, директор на велешки театар.
Лани во рамките на овој проект „Манифест“ беше реализирана преставата „Едвард втори“ во режија на Дејан Пројкоски. Премиерата на „Без крв“ е закажана за септември на Меѓународниот фестивал „Сцена на раскрсница“ во Пловдив.
Tweet |