Петар Печков
Објавено: среда, 22 април 2026
Во Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ започнаа пробите за новата претстава „Нона“, работена по дело на аргентинскиот драмски автор Роберто Коса. Режијата ја потпишува Дамјан Костовски, кој на сцената ќе ја донесе оваа позната црна комедија што со децении предизвикува интерес кај публиката ширум светот.
Насловната улога, ликот на Нона, ја толкува актерот Фаик Мефаилоски, а во претставата останатите улоги ги толкуваат и Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева.
Сценографијата е на Филип Коруновски, Марија Пупучевска како костимограф, Сашко Костов е автор на музиката, Кренаре Невзати-Кери кореографија и сценски движења и Катерина Момева, драматург.
Романот „Нона“ е едно од најзначајните дела на Роберто Коса, кое преку хумор и апсурд ја отвора темата за семејните односи, општествените притисоци и човечката алчност. Со оваа продукција, Театар „Џинот“ продолжува да ја збогатува својата репертоарна понуда со современи и провокативни текстови.
фото ФБ Театар Ј.Х.Џинот
| Tweet |




