речник контакт

Започната постапка за изградба на прифатилиште за кучиња скитници

Советниците едногласно ја прифатија идејата, општината заедно со Вардарски Плански регион да гради дом за кучињата скитници

Петар Печков

Советот на Општина Велес донесе иницијатива за започнување на активности, чија крајна цел е изградба на стационар за бездомните кучиња.    Тоа произлегува од Законот за благосостојба  и заштита на животните донесен 2007-та година.  Овој стационар би се гадел на територијата од Вардарскиот плански регион, кој опфаќа девет општини.

Тука би се згрижувале кучињата скитници од Велес, Градско, Лозово, Чашка, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Росоман, Демир Капија. На овој начин заеднички би се решил овој проблем, кој не е само велешки, а економски би бил исплатив за сите заедно. Иницијативата во наредниот период треба да резултира со елаборат од Вардарски плански регион, каде би се градело тоа прифатилиште, колку би чинело, колку кучиња има во регионот.

Пота секоја од деветте општини треба да донесе одлука, да учествува со сопствени средства во изградбата на прифатилиштето или пак со елаборатот да се конкурира пред некоја од странските претставништва во земјава. На денешната седница беше разгледана информацијата од Центарот за јавно здравје, од каде велат дека состојбата со кучињата скитници во Велес е загрижувачка и забележани се каснувања од бездомните кучиња.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »