Петар Печков
Објавено: вторник, 28 август 2012
Синоќа вечер, понеделник, започна Осмата сликарско- копаничарска работилница ,,Папрадишки мајстори. Таа се одржува во куќата на Касапови – каде работат сликарите и во куќата на Џинот – каде се сместени резбарите.
Тие творат десет дена во автентичен амбиент на старата велешка архитектура. На колонијата учествуваат 14 сликари, двајца вајари и 12 резбари од пет држави Русија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Македонија.
Организатор на оваа културна манифестација е граѓанското здружение ,,Папрадишки мајстори,, кое ја доби делегираната надлежност од локалната власт. Сите дела создадени на колонијата ќе бидат прикажана на велешката јавност на изложба на 9-ти Ноември на Денот на општината.
Вратите на куќите на уметноста на Касапови и Џинот до 5-ти септември, до кога трае колонијата се отворени за јавноста, посетителите и сите кои сакаат да видат како творат уметниците. Тие пак в недела ќе бидат во целодневен рпестој на селото Папрадиште и во петок попладне на локалитетот Стоби и винаријата Стоби.
Tweet |