речник контакт

Започна академската 2015-16 година во Велес

Први започнаа бруцошите од Техничко- технолошкиот факултет

Петар Печков

Започна академската 2015/16  наставна година во Велес,  со врачување на индексите на студентите од прва година на   ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ од  Велес, кој работи при Универзитетот Св. Климент Охридски од  Битола.  

Запишани  на овој факултет  во прва  година  се  43 редовни од планираните 75, со тоа  што  сите 20 места во  прехранбена технологија и биотехнологија се  пополнети, додека во нутриционизам запишани се  23 редовни од 55 слободни места како и и десет вонредни.       

Овој прв студентски час е посебен, оти се случува прв пат и останува запознам во сеќавањата. Ќе се обидеме да Ви помогнеме да ја засакате професијата, ќе тежнеете кон што поголемо знаење. Не е само да се добие парче хартија за дипломиран инженер технолог. Учете за да добиете знаење -  рече деканот, вонреден професор Валентина Павлова.

Според неа    задоволителни  се  бројки на  запишани студенти а квотите се делумно исполнети.    Досега на овој факултет имаат завршено стотина студенти, а деканот Павлова се пофали дека повеќето од нив се веќе вработени.  Тој работи од 2008-та година. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »