речник контакт

Започна академската 2019-2020 година на ТТФ во Велес

На овој факултет во прва година запишани се 13 редовни студенти и седум вонредни а имаше 50 слободни места

Петар Печков

Денес претпладне  во 11 ч. се одржа првиот академски час за бруцошите на Техничко -технолошкиот факултет во Велес, кој работи при Универзитетот Климент Охридски од Битола. 

Прва година запишаа и настава започнаа да следат 13  редовни студенти на двете насоки нутриционизам -девет студенти  и   прехранбена технологија и биотехнологија четири. Како вонредни студенти  на двете насоки запишани се  седуммина.

На ТТФ  Велес годинава имаше 50 слободни места.  На факултетот има и после дипломски студии од 2009-та и од 2015 и докторски. 

Годинава на трите Универзитети во Македонија има 11 илјади бруцоши.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »