речник контакт

Започна вакцинацијата за здравствените работници од Болница, за заштита од ковид-19

Вакцинацијата се одвива во Скопје и се опфатени 84 лица

Петар Печков

Првите вакцини  за заштита од ковид-19 претпладнево ги примија и здравствените работници од велешката Болница. Вакцинацијата ќе се извршува два дена, денес и утре.

Денес е започната вакцинацијата на здравствениот персонал при ЈЗУ Општа Болница Велес, истата се одвива непречно во модуларната болница на Инфективна Клиника-Скопје. Вкупно 84 здравствени работници од нашата институција во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ја примат вакцината против Ковид 19 – информираше д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Следни кои очекуваат да бидат вакцинирани од ковид-19 се здравстените работници од Итната помош, кои секојднево се во контакт со пациетни.

 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »