Петар Печков
Објавено: четврток, 27 октомври 2016
Од денес, четврток започна вакцинацијата против грип, што е порано од ланската година. Таа се спроведува во Центарот за Јавно здравје Велес, во работен ден во терминот од 8 до 15ч. За целиот регион, кој ги опфаќа Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Неготино и Кавадарци има вкупно три илјади вакцини, со тоа што за Велес има обезбедено 1,2 илјади дози. Вакцината чини 400 денари.
Вакцината штити од три типа на вируси , Х1Н1 познат како свински грип, Х3Н2 –сезонски грип и тип Б. Таа е наменета и штити од вируси кои се на северната хемисфера. Вакцината е од Холандија. Порачката од 1,2 илјади вакцини е врз проценка од претходите години и доколку се јави потреба од дополнителни, поради поголем интерес, тие веднаш ќе бидат набавени. Оиве препорачани групи се тие кои најчесто и примаат вакцина – изјави д-р Билјана Трајкова, епидемиолог во ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес.
Се препорачува на лица за хронични незаразни болести како што се дијабет, кардиоваскуларни заболувања, срцево садовни,пулмонални, лица со над 65 години возраст, деца кои имаат опструктивна белодробна болест, често кои заболуваат, лица со намален имунитет, лица кои често се изложени на контакти со многу други лица и за сите оние кои по своја желба сакаат да превенираат инфекција на грип. Време на создавање на имунитетот од примање на вакцина е околу 15 дена.
Големиот број на заболени од грип, кој беа регистрирани изминатата зима, во февруари и март, д-р Трајкова го појасни како сезонски циклус, кој може и не мора да се повтори. Додаде дека вообичаено во Македонија после Нова година до март се јавува поголем број на заболени лица од грип.
Tweet |