Петар Печков
Објавено: среда, 04 мај 2016
Од почетокот на минатиот месец општина Лозово автобуски се поврза со Велес. Откако Советите на двете Општини, Велес и Лозово го усвоија воведувањето на автобуската линија а Министерството за транспорт и врски ја одобри, на тендерот правото за превоз го доби ,,Нино турс,, од Долно Караслари. Автовусите сообраќаат четири пати на ден, во 6, 7, 14.30 и 17 часот.
Општина Лозово склучи спогодба со Општина Велес за организирање на меѓуопштински превоз на патници. Воведена е релација Велес - Лозово Ова е голем бенефит за жителите на општина Лозово, кои имаат секојдевни потреби од посета на Велес. Решено е едно прашање, кое со години се провлекуваше - рече Коста Штерјов, заменик градоначалник на општина Лозово.
Релацијата на која се сообраќа е од Велес преку Каратманово, Дурфулија, до Лозово, Милино и назад за Велес. Автобусот од Велес тргнува од близина на Автобуската станица. Остана да се реши за автобуска линија од Велес уште за жителите на населеното место Богомила и околните села, на кои единствената врска кон градот им е возот.
Tweet |