речник контакт

Започна да сообраќа новиот електричен воз,,,Кинезот,, (фото)

Сообраќа на редовните линии од Скопје за Велес

Петар Печков

Од в утрово (понеделник) започна да сообраќа во редовна железнички  сообраќај, новиот електричен воз. Тој е од кинеско производство поради што железничарите од милост го нарекоа ,,Кинезот,,.     Новиот воз сообраќа на линијата Скопје - Велес и обратно и Скопје -  Табановци и обратно.  

Новиот патнички воз тргна  редовно да  сообраќа  утрово во 9 часот на линијата Скопје - Велес и се врати назад со тргнување од  железничка Велес  во 11,50 ч.    На истата линија ќе вози  со тргнување од Скопје во 13,20 и од Велес   во 14.25ч. Возот ќе со9обраќа и наутро од Велес до Скопје во 6,10ч - изјавија од ЈП МЖ Транспорт.  Со првиот воз од Скопје до Велес имало стотина патници, исто толку ги имаше и на  пладне,  кога истиот се врати за главниот град.

Беше удобно возењето, пријатно. Многу лесно  вози, скоро бесшумно. Има пријатна атмосфера, комотност. Супер е сега имаме одлични услови за патување - изјави патничка која во 10 часот беше на Железничка  во Велес, каде работи. Најави дека ќе се врати со истиот воз за Скопје во 14,25ч.    На пладне студенти, ученици кои секојдневно патуваат  за Скопје. Сите беа нестрпливи да направат сефте со новиот воз. Трпеливо го чекаа тргнувањето.

Се надевам дека сите лоши епизоди се веќе зад нас. Очекувам дека  ќе доаѓа на време, ќе  биде топло и нема да имаме проблем да стигнуваме на време на работа. На оваа релација Велес - Скопје и обратно има најголем број   патници во железницата - изјави патникот  Петре Николов, кој е на работа во Скопје. Заминува на пладне а се враќа околу полноќ.

Новиот електричен кинески патнички воз, чекаше на   старт поради пробниот период, во кој кинеските стручњаци ги обучуваа македонските машиновозачи и се чекало  добивањето на атестот. Тој има електронска табла за  управување, камери, монитори, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум тоалети.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »