Петар Печков
Објавено: вторник, 09 мај 2023
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, на територијата на општината во тек е ларвицидно теренско – третирање од земја, против ларви од комарци. Тоа е прво годинава, второто се изедува наесен.
„На територијата на Општина Велес во тек се активностите за прво ларвицидно теренско – третирање од земја, против ларви од комарци. Теренското третирање од земја, против ларви од комарци се изврши на територија од седум хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание се посветува на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување# - соопштија од Општина Велес.
По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е оператор, тоа е ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје, и согласно Елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, ќе бидат третирани повеќе реони. Тоа се крајбрежјето на Езерото „Младост“, делот на езеро „Јарбош“, Градскиот Парк, Градскиот Стадион, Младински Парк, по течението на реката Вардар, реонот на Дервенскиот поток, градските фонтани.
„Третманот се врши со препаратот „Биопрен“ 4 ГР, ларвицид за комарци во вид на гранули, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени. Средството во вид на гранули се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици“ - додаваат од локалната власт.
Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, и е предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2023 година.
Tweet |