речник контакт

Започна меѓународниот фолклорен фестивал ,,Велес 2010,,

По седми пат Велес, од недела е домаќин на меѓународниот фолклорен фестивал на традиционални ора и танци, годинава со двеста учесници од 14 ансамбли.

Петар Печков

 

Гости од странство се ансамблите од  Истанбул Турција, Силистра Бугарија, Долчни од Романија и  Врање од  Србија. Меѓу учесниците се и Распеани Велешани, Керамичар, Вила Зоран, Коле Неделковски, Бирлик како и гости од  КУД Тодор Јанев од населба Чашка и  КУД Никола Јонков Вапцаров од населба Лисиче Скопје.

Градоначалникот на Велес задоволен од квалиеетот на фестивалот порача дека тој е гордост на градот.

Моќта на фолклорот вп себе да ги сплоти историјата, идентитетот, културните зирази и животните навики на еден анрода го претолува во модерен белег кој ги спојува нашите разлики. Фолклорните реадиции што несебично ги негуваат нациие низ светот потврдуваат дека се неисцепен извор на полет и креативмност дури и во овие модерни времиња на техмолошки вишок - изјави Петров на отварањето на манифестацијата.

Таа се одржува во амфитетарот во Малдинскиот парк до недела со почеток во 20,30 часот, а дел од програмата ќе видат и жителите на Чашка и Градско.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »