Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 септември 2012
Од денес 492 првачиња, на првиот училиште ден тргнаа на училиште во основните училишта во Велес. Училишниот жагор повторо ги наполни зградите а децата седнаа во клупите. За прв ден малку, но веќе од утре започнува делењето на бесплатните учебници, набавката на училишниот прибор и редовната настава. Градоначалникот на Велес ги посети првачињата во ОУ Благој Кирков и во новото училиште во населба Отовица и им посака добредојде.
Слушајте ги родителите и наставниците и учете. Од денес Ваш најголем другар и пријател е книгата а училиштето е Ваш втор дом. Започнувате да чекорите пои еден долг пат, по кој ќе ве водат наставниците и вработените од училиштето. Ние сме тука тоа чекорење кон вистинските вредности да ви го олесниме, да го направиме позабавно и поудобно. Книгата ќе Ви ги отвори сите врати кон иднината и ќе Ви помогне да ја одберете вистинската професија во животот. За Вас првачињата и Вашите поголеми другарчиња Општина Велес секојдневно се труди да создаде подобри услови за живот, игра и учење. Нека Ви е среќен првиот училиштен ден. Првачиња добре дојдовте во најголемото среќно семејство – училиштето – рече Петров. Ако лани во Велес започнаа да учат 419 првачиња, годинава бројката е поголема 492.
Tweet |