речник контакт

Започна обуката за негувателки на стари лица

Обуката која се извршува во ОО на Црвен крст, треба да заврши до крајот на месец април

Петар Печков

Во тек е  обуката за негувателки на стари лица која ја организира   Општинската организација на Црвен крст Велес. Таа започна од срдината на месец февруари и се одржува во нивните простории.  Истата е дел од процесот за образование на возрасни и за реализација на социјални услуги во локалните заедници. Обуката ја посетуваат 16 лица.

„Обуката за негувателки на стари лица согласно програмата се реализира 250 наставни часа и се очекува за нешто повеќе од два месеци лицата кои ја посетуваат, да добијат сертификати“- кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен  крст Велес.

Обуката за нега на стари лица финансиски е поддржана од Австриското министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи и Австриски Црвен крст, во соработка со Вентралната канцеларија на Црвен крст од Скопје. Таа треба да заврши до крајот на месец април.

Истата ја реализираат лица кои се стручни во својата област, со големо искуство на полето на медицината, дефектологијата и социјалата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »