речник контакт

Започна постапката за промена на регистарските таблички на автомобилите од таксистите, во жолта боја

Bоведување жолти таблици за такси возилата е по нивно барање, со цел да се постигне ред во такси превозот, односно да се препознаваат лиценцираните и регистрираните такси возила

Петар Печков

Започна промената на регистарски таблички за такси возилата во Општина Велес. Тие со промената на  Законот за превоз во патниот сообраќај член 55 став 3, се со жолта боја. Откако неодамна стигнале во СВР Велес, со регистрацијата на секое возило  сопственикот треба да ја започне постапат да истата ја добие.

„Општина Велес известува дека  такси возилата кои имаат лиценца и Извод од лиценца за вршење такси превоз, означени се покрај другото и со жолта регистарска таблица. Времетрањето на промена во жолта регистарска таблица би траел до една година“ - соопштија од локалната Власт.

Оваа новина беше донесена во 2019-та по барање на здруженијата за автотакси превоз, воведување жолти таблици за такси возилата со цел да се постигне ред во такси превозот, односно да се препознаваат лиценцираните и регистрираните такси возила и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност. Истата е веќе во важност во други општини, и таму дел од такси возилата се со жолти регистарски таблички.

За да препознаете кое такси возило ја има потребната документација за легално вршење на такси превоз, треба да внимавате на следните ознаки на истото:

Возилото треба да е во жолта боја;

На предното ветробранско стакло да го има поставено изводот од лиценца;

На покривот од возилото да има такси табла, а на предните странични врати да биде означено со налепница со бројот на изводот од лиценца;

Да има вграден таксиметар;

Во авто такси возилото задолжително на видно место треба да биде истакнат ценовникот со утврдени тарифи за чинење на превозот донесени од Советот на Општина Велес.

Општина Велес упати  апел до корисниците на такси превоз.

„Користете услугите на такси превозниците кои врз основа на потребната документација вршат легален такси превоз, од причина што истите задолжително при регистрирање на возилото имаат осигурување и за патниците кои се превезуваат во истото“- додаваат од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »